ХЕРМЕНЕВТИКА НА ВТОР СТЕПЕН (часови по анатомија на Венко Андоновски) | ДИСКУРС И ЕКСКУРС (ЗА КНИЖЕВНОСТА И КУЛТУРАТА), 2017
Со време научив дека судска медицина е научна област кока користи широк спектар дисциплини во корист на
судството, а дека форензика е, всушност, синоним за законски доказ или јавно
претставување. Коренот и е во латинската придавка forensis што значи „пред
форум". Имено, во римско време, да се покрене некакво (кривично) обвинение
значело случајот да се претстави пред независен публикум/ форум. Обвинителот,
како и обвинетиот, ги интерпретирале своите видувања на настанот, додека
форумот не го прогласел за победник тој со надобри форензички вештини. Денеска
знам дека доказите не вредат многу без моќта на убедувањето, без доблеста на
знаењето и заводливиот шарм на ораторот (скриптор) кој ве тера да поверувате
дека црното е бело. А кога во едно исто лице ќе се совпаднат обвинителот и
(право)бранителот, како во случакот Андоновски, предметот добива друга
димензија.
Книгата О/Абдукцика на теоријата е замислена како повеќетомен речник на
теориски поими, но бидејќи дескрипцијата и анализата (односно, лексикографската
обработка на поимите и полемичноста како емоционален израз на критичка свест)
не одат рака под рака, Андоновски избира специфична форма за претставување на
доказниот материјал. Слично на обдукциски протокол или писмен наод кој содржи
детален опис на симптомите од една патоморфолошка анализа, тој ги детектира и
ги опишува причините за смртта на теоријата, односно нејзината патогенеза, во
која, покра дедукцијата и индукцијата, абдукцијата станува најважниот чинител на
логичкото расудување. Опишана од Чарлс Саундерс Пирс, уште во далечната 1867
година, таа употребува означувач од познат код за да изведе категорички
силогизам, чиј втор суд е само веројатен, па затоа и заклучокот е таков-
веројатен. За да го илустирам ова тврдење ќе се осврнам, накусо, на приот том
од замислениот серијал О/Абдукција на теоријата, оти е многу важен за
разбирањето на вториот.
Се сеќавате дека- како модерен Питагоровец, убеден во своето учење за метемпсихозата- Андоновски
тргна од претпоставката со која, благодарение
на една своевидна реинкарнација, теоријата (како „мртва" наука) го
продолжила својот живот во повеќето денешни, „гранични" теории, кои-
кажано со речникот на Пирс- не се ништо друго, туку „интерпретанти на еден
репрезентамен" или, попрецизно, ,амбициозна рециклажа" на старата
добра семиотика. Претставено со вербалната формула на еден категорички
силогизам, до кој додов следејќи ja логиката на Андоновски, тоа изгледа вака:
Теорија е мртов корпус од поими. Семиотиката е жива дисциплина.
Како жива дисциплина, таа е „душата" на секоја теорија.
Сецирајќи, значи, „мртво тело" од поими, Андоновски - на нему
својствен начин-докажува дека обдукцијата на теоријата е, заправо, вивисекција
на семиотиката, чија клиничка смрт не само што придонела за развојот на
научната мисла кај нас туку и за нејзината (авто)критичка
свест. Затоа, нема да го премолчам фактот дека овој амбициозен патоанатомски
серијал на Андоновски е, истовремено, и еден деонтолошки чин на однесуване и
комуницирање, морална обврска на професорот кон самиот себеси и кон своите
студенти. И не само што станува неодминлива лектира во формалното образование
на новите обдуценти и во толкувањето на старите болести/грешки, туку веќе е и
крупен влог во развоот на една самосвесна теориска мисла, која постојано (ќе)
ги преиспитува, и елитноста на академската позиција, и (не)погрешливоста на
својата професија.
Вториот том од оваа макроскопска анализа има едноставен (под)наслов -
Наратологија (шеесет години македонски роман: 1952-212). Обезбедува нови докази
во врска со „заблудите" и „вистините" на теоријата, и насоки за нивно
избегнување во иднина. Но, ако Жива семиотика како прв том од споменатиот
серијал О/Абдукција на теоријата, беше насочена кон абдуцирање на туѓите умисли
и грешки, вториов ги преиспитува личните заблуди и пропусти, што Андоновски ги
направил како докторант, во студијата под наслов Структурата на македонскиот
реалистичен роман, отпечатена пред безмалку 17 години, во 1997.
Имено, како вметнат репринт - или „книга во книга" - но со видоизменет
и малку скептичен наслов (поради прашалникот придодаден кон поимот
реалистичен?, овој пат ставен во заграда), споменатата дисертација се покажа
како добра илустрација за тој колку наратолошките ставови од структуралистичка
фаза на Андоновски го издржале (или не?), тестот на времето.
Ревидирајќи, поточно дополнувајќи, некои од тезите што ги детектирал како
„слаби места" во споменатата студија (со датум од минатиот век) - во еден
подолг, но мнооогу! важен есеј, Венко дава краток, а индикативен теориски
пресек на македонскиот роман и на неговиот шестдецениски развоен пат. Во есејот
констатира дека, како чудесна генеолошка појава, „овој жанр изоде(л) еволутивен
пат за кој обично се потребни
два века: од суровиот историски реализам, преку интензивниот психолошки
реализам, до модернизмот и постмодернизмот" (2013: 44), но не пропушта да
каже дека - пред точно 17 години - во парадигмата реалистичен македонски роман,
неправедно (или праведно?) класирал и такви романи што покажувале, тогаш,
изразито модернистички, па дури и постмодернистички црти. Што направил Венко?
Тргнувајќи, не само од теоријата на Голдман (онаа за романот како повест за „деградираната потрага по
автентичните вредности на светот") туку и од Греимасовиот критериум за
атрибуција (како надворешна или внатрешна вредност по кока трага субјектот на
желбата), Андоновски скроил,
тогаш, таксономиски модел со два пола: хипотаксички и хипонимиски. Првиот го
резервирал за апсихолошкиот тип нарација и за омнисцентот кој инсистира на една
(историска!) вистина, а вториот за психолошкиот тип нарација и за недоверливиот
раскажувач кој го деконструира
поимот вистина, допуштајќи повеќе верзии на еден ист настан.
И покрај тоа што, во тој период, не jа занемарува структурата на наративот, само со тоа што ја сведува
на опозитот историско/психолошко, Андоновски, всушност, ja става својата
таксономија на „стаклени нозе". Но, историјата е сведоштво, а сведоштвото
субјективен чин, па штом ќе ja согледа разликата меѓу историското и
психолошкото како идеолошка, како „разлика меѓу две сосема спротивставени
филозофии по однос на вистината... преку која ja дефинираме и стварноста (а...
романот е најстварносниот од сите книжевни жанрови)" (2013: 27), во
фокусот на својот теориски интерес Венко jа внесува идејата за симулакрумот-
како „изотоп на вистината", како „вистина од највисок степен, (како)
фабрикат на вистинитоста" (2013: 41).
Така, уверен (како и Рорти), дека вистината не се пронаоѓа, туку дека се
создава благодарение на човечкиот ум, како извонредно суптилен пато-нарато-лог,
во центарот на својата втора а/обдукциска анализа, Андоновски ќе ja стави
алката што недостига. Ќе го воведе хипертекстуално-симулакричниот модел, за да
покаже и докаже дека, заедно
со претходните две, тој е онаа „нераскинлива и жива врска меѓу реализмот и постмодерната во македонскиот
роман" (2013: 36 - курзивот е мо). Овој стилски „хибриден" модел,
оваа хибрид(изира) на специфика
до која доаѓа Андоновски, не само што е употреблива како таксономија, туку е оној квалитет кој
македонскиот роман го разликува како
жанр меѓу другите европски жанрови роман (2013: 43). Еве како, со извонредна -
но, ајде обиди се! - леснотија го докажува Венко тоа.
Издвојувајќи го Вкусот на праските (1965), како преломна точка во развојот
на македонскиот роман, Андоновски констатира дека овој модернистички текст на
Влада Урошевиќ се наметнува и како автореферентен роман, кој вниманието на
читателот го пренасочува, од она што значи, кон тоа како значи приказната, за
да заклучи дека ,,македонскиот модернизам, уште од самите свои почетоци, во
себе ги носи никулците на драстичната постмодерна" (2013: 35). Укажувајќи
на симулакрумот како произведувач на вистини, Андоновски потсетува дека овој
роман открива: „code-switching..., цитирани кодови, колажирање на дискурси...,
тенденција кон patchwork (крпеница) и пастиж... дека користи есеистички
текстови, меѓу кои и цитати од енциклопедии, еден текст на Жан Кокто... и
слично" (2013, 34-35). Нивната паралелна присутност во текстот само ja
потврдува тезата дека, иако класиран како модернистички, овој роман не е „чиста"
книжевна конструкција. Неговата
фрагментарна, отворена, хибридна и автореферентна структура му го носи приматот
„прва постмодерна ластовица" на македонското книжевно небо.
И со оглед на фактот дека македонскиот роман мошне рано станал несвесно-свесен за металитерарната
функција на зборот, со која, освен што
проектирал светови, можел да говори и ,,за сопствениот план на градба, за
кодните игри и преиначувања во просторот на текстот" (2013:40), тој, исто
така, покажал дека референцијалноста (карактеристична за реалистичките и
модернистичките романи) и автореференцијалноста (карактеристична за
постмодернистичките), ,,не се тули или блокови кај кои може да се определи
строга граница... туку се, многу повеќе, конгенитални својства на секој
книжевен текст", со доминација на едно од двете, тврди Венко Андоновски
(2013: 41).
Затоа, благодарение на исклучително големата еволутивна брзина со која
македонскиот роман ги „проживеал" сите регуларни фази на својот развоен
пат, нашиот постмодерен роман не треба и не може да се разгледува како
изолирана појава (сврзана, главно, за помладата генерација писатели), туку како
„полигенерациски феномен" кој - благодарение
на својот симулакричен однос кон вистината - „директно се надоврзува на
реалистичкиот историски роман, психолошкиот реалистичен роман и модернистичкиот
роман" (2013:38). Поради тоа, за Венко Андоновски, македонскиот роман
(иако доцнороденче), е чудесна генеолошка појава, која не само што ги
достигнала европските регуларни книжевни стандарди, туку благодарение на своите
преводи, станала и „легален жител на европската книжевно-жанровска
метропола" (2013: 16).
Почитуван публикуме, ќе му се обратам сега на Венкота наш Македонски, за да му кажам нешто што
одамна сакав да му го речам - тоа дека, без оглед на пропустите,
недореченостите или слабите места во неговата Структура..., таа не само што
беше, туку се уште е, една толку темелна и сериозна дисертација што студентите
и денес ги фаќа блага вртоглавица од начинот на кој е презентиран оној
комплексен наратолошки арсенал од поими. Тоа самоизмачување на умот (таа
опсесија да се кажат работите комплицирано, да се замаглат толку, што и самите
да почнеме да веруваме колку сме биле паметни, а не сме го знаеле тоа) е
резултат на една авторитарна теориска дискурсоманија, која многумина од нас не
остава мирни и денеска. Затоа, без да се оправдувам себеси - иако се препознав
и во покудените и во пофалените актери на овој теориски серијал - ќе речам дека
не умира теоријата (како систем од знаци), туку модата (поточно, епигонството)
да се пишува и предава на еден сувопарен, бременит, а едновремено, стерилен
начин. Контекстите се сменија. Светот одамна излезе од сенката на голите поими
и ja напушти идејата дека значењата треба да се бараат само во вертикалната
структура на текстот. Но, иако ритамот на нашите реакции - барем кога станува збор за новите
„гранични" теории - е поприлично бавен, дојде време „голата"
семиотика да облече „живи" бои и со нова руба да прошета, повторно, низ
нашите дискурзивни простори, како што се шета гордо и низ последните два текста
од оваа Венкова книга. Иако во неа ретроактивно ревидира тој дел од своите
ставови, не ги крие своите теориски темели, ниту пак, го отфрла фактот дека, за
него, семиотиката е онаа архисема на коа со радост и се враќа, секогаш.
Ние можеме да стигнеме до вистината, само ако го разбереме и совладаме
нашето искуство, велеше Гадамер. Се разбира, искуството не е конечно.
Променливо е и способно за нови перспективи. Затоа е важно да се разбереме
себеси, да ja отфрлиме предрасудата дека сме непогрешливи. Ако, барем врз туѓите
примери го сфатиме тоа, ќе ги согледаме
и сопствените грешки. Jас ги видов моите во една своја книга од 2001 година, но тоа ќе биде предизвикот
со кој ќе треба да се фатам во иднина. Доволно е што научив дека добар
теоретичар е тој што мисли со своја глава, тој што од стари алатки создава
нови, користејќи ги, не само на инаков туку и на подобар начин.
Затоа книгата О/Абдукција на теоријта ја доживеав како метатеорија таа е
чист симулакрум, „херменевтика од втор степен" која ja релативизира
границата меѓу референциалната и металингвистичката функција на зборот. Но,
оваа чудесна (псевдо)обдукциа е, истовремено, и вербална мета-илустрација
(небаре одговор на прашањето за значењето на значењето) на една Рембрантова
слика- онаа, „Час по анатомија на доктор Николас Тулп". Затоа, со мирна
совест би можела да ja преименувам во „Лекција (или лекции) по литературна
теорија на проф. Венко Андоновски", оти таа не покажува што значи, туку
како значи тоа што значи, соголувајќи ги пред нас своите аналитички стратегии.
И, да
бидам искрена, со нетрпение го очекувам нејзиното продолжение - третиот том
резервиран за постмодерниот роман во целост. Познавајќи го Венкота кој со
брзина на светлината ги пишува своите книги, уверена сум дека веќе догодина,
тимот на Галикул, ке ja отвори својата филозофско-теориска едиција, за уште
една умна книга.
Comments
Post a Comment