САМОВОВЕДЕНИЕ (cum grano salis) | ДИСКУРС И ЕКСКУРС (ЗА КНИЖЕВНОСТА И КУЛТУРАТА), 2017
Како критичар на здравиот (раз)ум и самата сум скептична кон насловот на книгата што сега jа читате - нели секој потход на мислата завршува со отпор кон смислата - но за да ја избегнам примката што самата ja создавам, ќе слоделам неколку (раз)мисли со вас....
За
нашиов флуиден свет, брзината на животот е поважна од неговото траење. Трчаме
со сета сила, само за да о(п)станеме на истого место, вели Загмунт Бауман
цитирајќи jа прочуената реченица од Алиса во земјата на чудата. Ова желба - да
се егзистира, во континуирана сегашност - бара посебен агол на гледање кој
грозничаво го рециклира нашиот флуиден идентитет...
Повеќето епистемолошки и метатеориски
расправи укажуваат на фактот дека, слично на животот во едно флуидно
опшстество, и теориските дискурси се такви - флуидни. Нивното главно „упориште
“
е една специфичната „нелагода“ која постојано го промислува предметот
што го проучува и ставот што го застапува, пресретнувајќи го љубопитството и
неговата скепса. Затоа и предметот на (книжевно) теориските проучувања е таков
- флуиден...
Традиционалното значење на зборот теорија е
сврзано со некакво патување. Тоа претполага напуштање на комфорната мисловна
зона, некакво „талкање“ коe избегнувајќи ги вкоренетите сфаќања,
зачекорило кон искуства различии од преходинте. И не само како субективно и/или
статично доживување на светот, туку како автентичен влог кој (пре)минувајќи ги
сопствените граници и ограничувања, се засведочил себеси во една своевидна
(мета)запрашаност и зачуденост, пред Другоста и пред Светот.
Обележан со трагите од таа „другост“,
таквиот теориски дискурс се испишува и се конституира себеси како хибриден
жанр, кој (ко)егзистира со други дискурси, во заедничкиот простор на
дејствување и вреднување. И не ги толкува само своите книжевно-уметнички
специфики, туку ги анализира и ти критикува овштествено-историските случувања.
Како специфична практика која упорно ја ревидира епистемата на своето
проучување, метајазикот на современата книжевна теорија ве менува (и самиот
менувајќи се) од темел. Toj e сега едно постојано приближување-оддалечување (па
дури и откажување!) од „саморазбирливиот“ карактер на својата суштина -
дебакл на здравит разум. Неговите мулти и интердисциплинарни стратегии
сврзуваат различни хуманистички дисциплини, во големиот контекст-чадор од
општата Теорија на културата, која постојано го ревидира предметот на своето
проучување. Таа оспорува и критикува, уверува и докажува дека авторот,
читателот, стилот, се „заблуди“ од кон треба да се ослободи дискурсот на
книжевната теорија, за да проговори конечно - низ конкретни, општествено-политички
пракси -за Книжевноста.
Но умот, ете, не го прифаќа тоа - без
неговнот жесток отпор, книжевната теорија би била залудно вложен труд, велеше
Компањон. Сепак, да се биде п(р)освет(л)ен проучувач на книжевноста, уметноста,
филозофијата, политиката, значи да се биде еманципиран спектатор кој исчекорил
надвор-од-себеси, кон едно (себе)набљудување што се испишало како (само)
отуѓување, изневерувајќи ја суштината на сопствената културна меморија.
Само
таков еден теориски дискурс може да гради стил, да ja маскира играта (не
трагата!), да биде бавен и недоследен, убав и неверен - како метазапрашаност,
нурната во митологиjа на своето сепство. Еднаш како форма-без-норма, друпат
како повтеж-по-систем, но секогаш интелигибилно ма(ни)чен - небаре „среќна
фалинка“, скриена зад привидниот несклад на мислата, што минала во
бизарен склад, на крајот од патот - прескокнувајќи jа Другоста и паѓајќи во
амбисот на „лудоста“, како Алиса во Земјата на чудата...
Дома (петок),
8.09.2017, 11:30 pm
Comments
Post a Comment