ВНАТРЕШНИ СЛИКИ ЗА ЖИВОТОТ: ДЕТСТВОТО И МАКЕДОНСКИОТ ЛИРСКИ СУБЈЕКТ (тематски избор) | КАФЕЗ ОД БРЧКИ, 2007
Кога на почеток од годината, одборот на СВП ми предложи да направам избор на тема детството во современата македонска поезија, речиси ја одбив поканата. Мојата вродена склоност за маргинализирање на работите кои не се во фокусот на моето примарно љубопитство, покажуваше отворена скепса: зарем темата за детството (како топос и феномен во македонската поезија) е поинтересна од актуелните редефинирања на културната историja? Што би нашла јас во туѓите спомени, кога ни за своите немам време? Но токму скепсата која го потцени тематот, ме соочи со феноменот внашрешен поглед, па од позиција на себе-овдешна, почнав да се перципирам како себе-дамнешна. Мојата проекција во минатото, враќањето во периодот на детството, ги релативизираше сите претпоставки за елитниот карактер на привилегираните теми и ме исправи пред предизвикот.
Новите сознанија активираа кај мене поинаква теорија од онаа што ja практицирав во своите досегашни есеи - теориа на свеста. Таа бараше одговор на неколку прашаьа. Што е тоа во нас самите, способно да го надвладее заборавот? Дали е тоа некоа биографема која го сублимирала нашиот лирски живот - небаре дијалог со минатото, небаре земање-давање, едно постојано оддалечуване и враќање кон она-што-било - или е, можеби, соочуване со фактот дека единствено го имаш, само она што во себе го имаш?
За да ги проверам претпоставките тргнав од фактот дека поетската визија најчесто се храни со изгубениот paj на детството, со архетипските симболи длабоко втемелени во симбиличката топографија на едно минато време, постојано анимирано од неограничената моќ на вечното вракање кон едно трансцендентално imago mundi. Затоа и велиме дека за лирскиот субјект спомените од детството се столбови на кои се потпира кревката архитектура на душата, но тие се, истовремено, и состојба на духот која води до неприродно раздвојување на свеста од идентитетот. Раздвојувањето е заправо
удвојување, една специфична мислечка активност која има врска со философијата и со психологијата. Само во спомените, дефинирани и детерминирани од нив, ние можеме да се видиме себеси како некој друг, да го препознаеме во нас нашето старо jac.
Но, што значеше тоа во пракса? За да можел да се воочи себеси поинаку одошто се гледа секојдневно, во големото огледало на животот, македонскиот лирски субјект требало, истовремено, да биде и оператор, некој кој го складира и негува минатото во својата меморија и спектрум, некој кој се впишува себеси во контурите на поетската слика. Само во неа можел да го пронаде тој својот „потскок", своето „измолкнување", силата со која ќе продолжи „да ги изигрува сите огледала - вели Дерида - да го сочува во живот своето детство и својата желба, со разочарувачкото и лудо чувство на надеж дека се уште не почнал да старее'", дека ќе успее да го измами неизбежното вдомување во интимниот кафез од брчки.
И тука, во таа слатка (само)измама на македонскиот лирски субјект го насетив парадоксот на една суптилна поетика, ja препознав наративизираната меморија на нашите поети. Во нивната лирска имагинација ги видов јасно: потрагата по изгубеното време, копнежот по минатото, родниот крајолик, семејните предци, сите оние моќни фигури кои го граделе неговиот идентитет. Сфатив дека за поетите од овие простори, темата на детството е амајлија која го возобновува и чува нивниот крвоток, еден специфичен лирски топос кој ги негува корените и битот на балканскиот човек, историскиот од на бројните негови етноси, нашата заедничка судбина.
Но, тогаш кога почувствував дека патината на минатите времиња може трајно да ме врзе за тематот на овој избор, решив да ги еластицирам неговите „рамки". Покрај копнежот по корените и родниот крај, почнав да селектирам и стихови со архивирани спомени и симболи - се што останало складирано во интимниот и менталниот дневник на нашите поети. Барав траги од егзистенцијални драми, семејни стории и лични судбини. Наидував на стихови со дилеми во поглед на идентитетот (промислувања и самопромислувања на лирскиот субјект). Но, најмногу од се, трагав по „гените на душата": родот, јазикот, името, традицијата, културната припадност.
За читателите на овој избор можеби ќе биде изненадување фактот дека некои од селектираните стихови говорат за насуптилните моменти од животот на нашите поети, дека реферираат на искуства сврзани со траурни теми од нашата историја, дека пеат за тажниот егзодус (драмата на нашиот Jуг), за преселбите како архетипски матрици, како трајна сигнатура на балканскиот лирски идентитет. Дури и насловот на годинешнава симпозиумска тема „Без прогонство, кој сум jac", се совпадна во еден сегмент со тематскиов избор, со оној кој пее за напуштањето на домот, на древната прародина, на непосредното јазично и етничко искуство, небаре трајна поетолошка определба на македонскиот лирски субјект.
Но, пред да ви допуштам да уживате во избраните стихови, сакам да укажам дека претставениот избор не е конечен. Тој, секако, немаше амбициja да биде ни апсолутен, оти ги претставува само песните до кои, за еден кус временски период, успеав да дојдам. Можеби најубавите стихови за детството останаа надвор од мојот избор. Некој друг селектор ќе треба само да ja дополни листата, па збогатувајќи го опусот, да и jа предочи на јавноста комплетната слика за овој феномен. Сепак, верувам дека и мојот скромен придонес е доволно сугестивен да ве увери дека песните се заправо поетски слики за животот на нашите поети, нивен личен живопис, една специфична, неповторлива и интимна зона од време и простор. Како постојана присутност, како траен мираз од времето на детството, внатрешните слики за најраните години на нашите поети се пасош кон нивната интимна меморија. Нивното вообличување во песна значи исполнување на копнежот, совладување на сентименталноста, гасење на жедта. Со нив полесно се совладува минливоста.
Создавани од една неизбежна временска дистанција, тие, секако, не се оригинали - не коинцидираат со презентноста на мигот - но затоа пак се своевидна реалност, една удвоена оригиналност продуцирана од мемориајта на македонскиот лирски субјект. Сликите од детството на нашите поети се рељефи на нивната психа, мисловни отпечатоци на некои сетилни впечатоци кои во мигот на читањето попримиле лингвистичка и духовна реалност. Без неа не би имале ни помнење, ни живот. Затоа сум слободна да посочам дека во тематскиот избор Кафез од брчки може да се насети ,изгубената книга на животот", или барем оној негов дел кој сугерира дека нашето постоенье не е линеарна, туку мозаична структура со сложувалки од емоции и рефлексии. Селектираните стиховите во овој избор се нивен криптограм, нивен поетски еквивалент, лирско прибежиште на македонската сентиментална мисла.
Април, 2007
Comments
Post a Comment