ЕСЕЈ ЗА СОЗДАВАЊЕТО И УНИШТУВАЊЕТО - ПРИЛОГ НАМЕСТО ЕПИЛОГ | ГРУПЕН ПОРТРЕТ (КУЛТУРОЛОШКИ И ЛИТЕРАТУРНО-ТЕОРИСКИ ЕСЕИ), 2007
Но, да
тргнеме со ред. Се почнува од митот за Европа.
Создавањето
на Континентот
Моќната
книга на Дени де Ружмон, „Дваесет и осум векови на Европа", ja содржи
протоисторијата за контиенентот кој пред да стане номен, бил азијска божица, една од трите илјади
Океаниди („моми светици" чиj култ господарел
на Блискиот Исток). Протоисторијата на Европа е протоисторија на еден
,контиенент без име - вели Дени де Ружмон - населуван полека, цивилизиран и
оживеан од луѓе, замисли и занаети, доідени од крајбрежјето на Блискиот
Исток" (Ружмон; 1997: 12). Според историчарот Гонзаг де Рејнолдс, Европа
ни дошла од Азија, „маката на сите големи вери, родителката
на сите големи преданија", во која се било едно и различично
истовремено. Потврда на оваа констатација
наоѓаме во лирското толкување на древниот мит за создавањето на континентот,
кое му се припишува на Мосхос, сицилијански поет од Сиракуза кој живеел во 2
век п.н.е. Во него се вели дека престорен во бик, синот Хроносов, Зевс, jа
соблазнил лаковерната девица Европа. Таа му ги подарила своите бели пазуви и
станала мајка на неговите потомци.
Но, на
ова митско грабнување му претходела една алегорија. Содржана во сонот на митска Европа, алегоријата ни
открива дека за убавата божица спор воделе две земји, земјата Азија (која
тврдела дека таа ja родила) и земјата отспротива која се уште немала име, но
верувала дека божествената девица
Европа е нејзина, според волјата на Зевс. Симболиката на овој сон ги
сублимира вистинските значења на древните
преданија - мислам на толкувањата за сеопштото движење кое ги донело, од Исток
на Запад, основите на една
вероисповед и цивилизација - а тие укажуваат дека траѓајќи по Западната земја
која Феникијците ja нарекле Ереба или Земаја на залезот, ,Хелените го создале
преданието за убавицата Европа, "ќерката на Исток', следена од нејзиниот
брат Кадмос, 'синот на Исток', кого татко им Агенор... го пратил да ja бара, од
Феникија на Крит, во Беотија и во Илирија..."
(види Ружмон; 1997: 32). Зарем оваа потрага не се совпаѓа со историскиот пат на Феникијците кои ширејќи
ja азбуката меѓу древниот свет, го
продолжиле своето искачување по долината на Вардар и Дунав, претворајќи jа
својата потрага во откривање на европската географска стварност? Тоа го поттикнало исчезнувањето
на Божицата и рагањето на Континентот?
И векови
подоцна - почесто како плод на фантазијата одошто на природата - Европа била
доживувана како тело на жена чија глава е Шпанија, срцето Франција, рацете
Италија и Велика Британија - како девствена Убавица чие руво, руската рамнина,
се разлева низ ,,мрачните длабочини на Азија". Умот на древните географи
jа замислувал како подвижна фигура на жена, спремна за плен. Ренесансната пак,
духовна географија проектирала слики на континент во експанзија, чија амбиција
не завршувала само во желбата да се биде исходите (архе за сите откривања и
колонизирања), или средиште (центар на центарот = цивилизација), туку и крајна
точка (телос = хоризонт или граница на сите технички достигнувања). Ja гледале како глава - мозокот на едно
големо тело - занемарувајќи го фактот
дека самата таа, отсекогаш била негов суплемент - ,,малиот нос на Азија",
би рекол Пол Валери.
Но факт е
дека единствено во времето на моќното Римско царство, била реализирана империјалната замисла за
обединување на двата континента. Во административна смисла, секако, оти како
pars occidentalis, Азија станала источниот, а Европа - како pars occidentalis -
западниот дел од Големиот Рим. И така било се до 718 година, до поразот на
муслиманската флота кај Константинопол, а веројатно и подоцна, по битката ка
Поатје во 732-та, кога за првпат во една хроника бил употребен називот
„Europenses/Европјеци". Значи, ако добро го разбирам Дени де Ружмон, во
8-от век на луѓето од Западниот континент не им бил непознат поимот „семејство
од народи". Со него била означувана континентална заедница обединета околу
заедничка судбина - одбрана од исламот. Но, кога на историската сцена
загосподарил темниот Среден век и борбите за превласт, поимот „Европеци"
бил испратен во подрачето на алегоријата. Потребни биле монголската и турската
закана, па заедно со идејата за одбрана на христијанството да воскресне, на
почетокот од 14-от век, атрофираната визија за Европа. До тогаш, политичкото и
идеолошкото ривалство на Рим и Константинопол продолжило да го засилува јазот
мегу католицизмот и православието, продлабочувајќи го и онака непомирливиот
контраст во срцето на Западниот континент.
Притаена
психо-драма
Но небаре
сврзувачко ткиво, еден географски меѓупростор допуштал симболичка интеракција на постојните
разлики. Тој негувал услови за премостување
на интерната логика на бинаризмот, па за него, во меѓусебната рецепција на
христијанскиот Запад и Исток, бил устоличен јазично-културниот стереотип -
„византијски". Неговата вредносна смисла ja претставувала матрицата со
која, во сопствената културна свест, Метрополата ги проектирала своите форми на
мистичност, сите противречни фантазии за „егзотичниот Друг",
апсолутизирајќи ja - наместо да ja релативизира - непомирливоста со своето
источно потекло.
Така бил
создаден вакуум меѓу автореферентните и самобендисани наративи на небалканска
Европа и блескавиот мит за грчката култура на неевропскиот
Балкан, колепката на европскиот дух и цивилизација. Но кога поради новите односи на политичка моќ,
називот „Византија" бил заменет со „Европска Турција", а овој кон
крајот на 19 век со терминот „Балкан", на егзотичните Други од
полуостровот им бил доделен маргинален статус на гранични
субјекти, доволно контаминирани со траги од ориентални, за да не бидат
прифатени како целосно европски идентитети. Така, „низ типично шизофрена
постапка - вели Ферид Мухиќ- Европа ja расцепи сопствената историска свест.
Еден свој дел, Балканот, го прогласи за Друго-од-себеси и му ги придаде
сопствените трауми, синдроми, jaнsи, психотични кошмари, а другиот свој дел го ангелизираше
резервирајќи ги за него сите оптимални етички
прерогативи. Борбата против сопствената
патолошка свест, едноставно
jа објективизираше наместо да ja интернализира" (Мухиќ; 2000/20:28).
Конструкциите
кои му се припишувале на балканскиот субјект како „Источниот Друг" во
срцето на Европа, биле поттикнати од повеќе фактори, но пред се од поделбата на
христијанството: од една страна западното-католичко (она со европски
менталитет), а од друга страна источното-православно (она со византиски и
ориентален менталитет). Создаван, значи кaкo специфичен вид човечка судбина,
балканскиот идентитет бил предодреден да биде Исток на Западот, а Запад на
Истокот, но наместо да ja прифати улогата на периферен, не ретко настојувал да
остави впечаток на централен. И додека Западната метропола го сметала
балканскиот субјект за неисториски, се што ќе допрел тој претворал во Историја.
Еве потврда.
Боромејски
јазол
Предговорот
со кој Ребека Вест (Cicely Isabel Fairfield) го започнува својот патепис за
3eмjaтa на Јужните Словени, содржи еден мошне илустративен момент по однос на
тезата која кружи во интелектуалните (академски и политички) кругови на
цивилизацијата на која веруваме дека и припаѓаме - ставот дека Балканот,
Југоисточна Европа, e Id-от Западноевропското Ego.
„Животот
ми беше обележан со убиства на кралеви, со извици на продавачи на весници кои
трчајќи по улиците известуваат дека некој со помош на смртоносно оружје, свртел
нова страница во историјата" - вели Ребека Вест (1990: 28). Нејзината
детска меморија паметела слики од 1898 година врз основа на кои можела да го
реконструира убиството на хазбуршката царица Елизабета, од страна на еден
италијански анархист, потоа грозоморниот политички линч на српскиот кралски пар
Александар и Драга Обреновиќ од 1903 година, но никако не успевала да се
присети на убиството од
1914-та, она на Франц Фердинанд во Сараево, среднишната точка на Балканот.
„На ова
убиство - пишува Вест - не се сеќавам воопшто. Секој детал од смртта на
Елизабета ми е јасен во свеста, за белградскиот масакар имам некоја матна
слика, но никако не можам да се сетам дека сум прочитала што годе за
сараевскиот attentat. Во тоа време бев многу ангажирана, небаре идиот, бев
приватна личност, имав полни раце работа. Но мојот идиотизам личеше на
анестетик. Додека делуваше бев отсечена од се и не чувствував ништо, но тоа не
можеше да ги отстрани последиците. Болката се појави дополнително..."
(Vest; 1990: 34; курзивот е мој), во 1934 година, кога спикерот на некоја радио
станица ќе соопшти за убиството на Петар Караѓоѓевик. Во тој миг, небаре
потиснато несвесно, небаре енергично свртен поглед од сцената на нејзиното
детство, Вест ќе сфати дека Југославија, заправо Сараево, бил нејзиниот dream
screen. Затоа, веста од Марсеј, за убиството на Југословенскиот крал во срцето
на Европа, jа препознала како опасност („знаев дека со неа би можела да започне
една агонија"), а поимот „Балкан" како територија на фројдовското
несвесно, една денес сосема реалистична сцена на која како да се проектирало
колективното несвесно на Европа, нејзиното латентно, симболичко значење,
нејзината хтонска и демонска суштина - она за кое свеста и разумот на Високата Цивилизација
не
допуштаат да се говори. Затоа пак, може да
се отсонува... да се препознае како своевиден dream screen... Така Европа се
штити самата од себеси.
Ова
сознание ja повика во мојата свест сликата на Лакановиот баромејски јазол. Тоа
се три прстена од коноп, три торуса кои се преплетуваат меѓусебно во цврсто
единство. Ако издвоиме еден ќе се распадне целата конструкција, а таа има
тополошка димензија. Taa e тродимензионално
тело во простор, структура за кока поимите граница-центар, внатре-надвор или
исто-различно, се релевантни. Затоа трите торуса на боромејскиот јазол
претставуваат едно сврзувачко ткиво. Местото на кое се пресекува тоа тројно
единство, е место на унијата. Taa
претпочита идентитет од разлики, а тоа - разлики во идентитетот. Но, да и се
вратиме на претпоставената „европоинтелектуална" логика.
Ако
прифатиме дека Балканот е навистина Id-oт ма Западноевропското Ego, тогаш Азија
ќе биде неговото AlterEgo, што наведува на заклучокот дека тополошката
интерпозиционираност на торусите од боромејскиот азол, соодветствува геополитичката поставеност споменативе региони, врз кои се рефлектирала
логиката на трите регистра: законот на реалното, имагинарното и симболичкото.
Или, уште попрецизно: ако Европа ja претставува областа на реалното, а Азија
областа на имагинарното, Балканот би требало да ja означува зоната на
симболичкото несвесно, нешто слично како во Фројдовиот парадокс на идентитетот
кој (исто како и јазолот) не е монолитен, туку е компониран од различни
истоветности што се надополнуваат меѓусебно. Taa
,,истоветност од разлики" сугерира заправо, дека субјектот од балканските
простори никако не би можел да биде дефиниран еголошки, туку тополошки, зашто -
како средишен торус во замрсениот евроазијски азол - тој е делот ко амортизира,
кој ja ублажува опозицијата меѓу половите, кој содржи и е содржан, кој е -
истовремено - и центар и периферија, и ергон и параергон на она што се нарекува
европски дух и цивилизација, но со изразита балканска доминанта. Зошто?
Како зона
на средби меѓу различни народи и вероисповеди, овој историски и географски хронотоп отсекогаш
бил меѓникот на кој се градела богата културна хибридност. Без претпоставена
или наметната хиерархија која генерира непремостливи разлики мегу Окцидентот и
Ориентот, балканската логика на „по-меѓу-момент" како да развива
специфични стратегии за
помирување на крутите идентитети. Но, зарем не се тоа стратегиите на Другиот,
на обезглавениот денес, на другиот правец? „Прашањево
е старо колку историјата на Европа - вели Дерида - но искуството на другиот
праец, или на другото на правецот, се поставува на апсолутно нов начин...
Пробивот на новото, единственоста на другото денес, би требала да биде
очекувана... би требала да биде антиципирана како она што не може да се
предвиди..., накусо, како она за што се уште немаме секавање" (Дерида;
2001: 20; курзивот е мој).
БалканКазан
Постои
уште еден момент во патеписот на Ребека Вест кој го сметам за указателен. Би
сакала да обрнете внимание на финалната реченица од цитатот што следи, но не
без неопходниот и претпоставен контекст кој изгледа вака: „Се чини дека
насилството беше се што знаев за Балканот, се што знаев за Јужните Словени.
Своите познавања ги црпев... од предрасудите на Французите кои зборот Balkan го
употребуваат погрдно означувајќи со нeгo
некој rastaquouere варварин... Заправо, не знаев ништо за тоа југоисточно катче
на Европа - (како да се оправдува
заради својата неупатеност!)
- а бидејќи од таму упорно идеше порој од настани... значеше дека не знам ништо за својата сопствена
судбина" (Vest; 1990: 38-39,
курзивот
e мој).
Конфесионалниот
тон на Ребека Вест ги вади на површина европските предрасуди за Балканот и за
неговите ендогени, деструктивни и воинствени субјекти.
Но, зарем стигматизациите од ваков и сличен вид не продуцираат само митски слики за инаквост? Не се ли тие
причината за една своевидна „седиментирана псевдомитологија" со која, од
страна на западоевропската интелектуална
моќ, е реализиран концептот на имагинативна колонизација? Дали на тој начин, во
отсуство на конвенционален империјализам, културата на Грандиозниот европски
Селф ja задоволува потребата за дијалог со себеси, со својот внашрешен Друг,
порасипаното негово jac... Но, вистината е небитна... Битен е само привидот...
резултатите од неговата нарцисоидна инвестиција...
Сепак,
еве како Славој Жижек - еден од водечките живи теоретичари на другоста, инаку
Балканец по потекло - размислува за овој феномен. Меѓу напознатите културолошки стереотипи сврзани
за балканското поднебје, тој го
вбројува стереотипот за Балканот како дел од Европа, постојано прогонуван од
лошите сеништа на минатото - „оној дел кој ништо не заборава и ништо не учи,
кој и натаму бие вековни битки, додека остатокот од Европа е зафатен со брзиот
процес на глобализацијата" (Zizek; 2001: 152). Но, неговото остро
психоаналитичко око детектира битен парадокс во срцето на споменатиов стереотип
- вечно прогонуваниот од сеништата на минатото, во умот на оние кои го создале
се претворил во сениште кое прогонува! Како?
Западните
перцепции за Балканот - како подрачје со примитивни, деспотски страсти, етнички ужас и
нетолеранција - создале imagо кое развило друга крајност меѓу британските
конзервативци, противници на Европската Унија. Некои од нив се заговарници на
тезата дека „цела континентална Европа денес, функционира како нова верзија на
балканската Турска империја, со Брисел како нов Истанбул", кој
загрозувајќи им jа слободата и суверенитетот, се заканува дека ќе ги проголта
во својот деспотски центар (Zizek; 2001: 153). Но дали, навистина, наследената
етничка и верска микстура од времето на Османлиското
(а, заправо, од времето на Византиското
и Римското) царство, ги поткопува либерално-демократските процеси во
Југоисточна Европа? Не е ли моделот на пост-национални држави само увезена
измислица од земјите на западниот свет, первертирана слика на нивниот
еднонационален државен концепт, небаре прикриена вистина за потиснатите идеолошки антагонизми меѓу
Западот и Истокот? И дали можеби овој
страв од „балканизација на Европа",
нe е страв од „европеизација на Балканот"? Видете само како се поентира со
реторичко прашање кое, небаре продолжено размислување со временски распон од
седумдесет години, jа потврдува „судбинската" теза на Ребека Вест: „Зарем
пост-Југословенскиот Балкан, тој вртлог на (авто)деструктивни етнички
страсти, не е вистинската спротивност(на
Европа), еден вид фотографски негатив од толерантни коегзистенции на етнички
заедници, еден специфичен мултикултурален сон и преобразен во
кошмар?" (Žižek; 2001: 152; курзивот е мoj). Парадоксот е повеќе од
очигледен. Како и вистината, впрочем.
Големото
Ништо како "објект мало а"
Ќе се
задржам само уште малку на европското imago кое ги дефинира
Балканците
како афективни суштества, поблиски до „природата" одошто до
„културата". Прашање е само дали природата е навистина толку спротивна на
културата, дали е таа, навистина, самата „нејзина Другост"?
Латинските
зборови култура и цивилизација имаат заеднички корен во colere, збор кој поседува голема
семантичка акумулација: од одгледување и живеење, до негување и обожување. Но,
според Валтер Бенјамин секој документ за цивилизацијата е, истовремено, и запис
за нејзиното варварство, па ако од тие причини западната логика за поимот
„култура" има некакво недефинирано и непотполно чувство, со сигурност може
да се каже дека кон поимот ,природа" негува чудна нелагодност, речиси
зазор. Но зошто, кога природата не и е спротивна на културата, кога не е
нејзиното Друго, туку нејзин инертен тег кој создал внатрешен расцеп, доволно
моќен да не потсети
дека културата не е нашата природа, туку она што ороизлегло од неа, „што jа
надополнило на начин кој е, истовремено, и нужен и одвишен" (Eagleton; 2002: 120; курзивот e
мој).
За
љубовта и меѓусебната зависност на „културата" и ,,природата", на Западна и Југоисточна Европа, е
пишувано многу. Во дискурсите на големите западноевропски „љубовџии" - истражувачи и
мисионери - Балканот, најзафрленото катче на Европа, бил опишуван двосмислено:
како „царство на сенките", нешто таинствено но примамливо, небаре дива љубовница
со темномуресто лице по која посегаат сите, и муслиманите и христијаните, и
комунистите капиталистите, небаре полупознато, егзотично тело, податливо за истражуваье и
колонизирање. И што е најважно близу - тука, в комшилук, во задниот дел од
дворот, веднаш зад ѕидот и завесата на рафинираниот свет, на самата граница меѓу забранетото и
дозволеното.
Создаден
така врз строгите правила на
привилегираност и подреденост, Балканот и денес го има задржано идентитетот на
харемска љубовница која, се додека му допушта на својот европски господар
непречено да ужива
во највисоките симболички вредности, може слободно да ja игра улогата на
ментално празно место, на едно Големо Ништо, препознатливо само како внашрешен
предмеш на желбата. Но кога тој предмет-причина на желбата ќе посака да стане ентитет,
кога ќе реши да посегне по позитивна егзистенција, неговата реакција ќе биде доживеана како будење на „објектот мало а", како закана
за идентитетот на Големиот (европски) Селф, од страна на неговата варварска Другост! Ете од
каде влече корени сиот онјо
зазор што Европа го чувствува кон ова балканско „сениште", кон
тврдоглавиот остаток на своето долго порекнувано минато.
„Не знаев
ништо за тоа Југоисточно катче на Европа... а тоа значеше дека не знам ништо за
својата сопствена судбина... Мојот идиотизам личеше
на
анестетик...", напиша пред седумдесет години Ребека Вест, во својата
патеписна историја за земјата на Јужните Словени. Зарем нејзините зборови не го
пресретнаа будењето на Големиот европски Селф од долговековната амнезија, од
сопственото насвесно?
Разглобена
другост
Но, тоа
што одлучило да стекне извесен статус - макар тоа бил и статусот на „објектот
мало а" - треба да размислува за својата иднина; во спротивно, би бил
препознаван само како туѓа судбина. Тоа ги повикува во игра механизмите на
анамнезата со кои се сеќаваме на минатото за да го откриеме она што како „objet
petit a" го носиме во себе.
За
земјите од Четвртиот свет обично се вели дека им припаѓаат на граничните
култури, на културите на границите кои се метафора за средба со земјите од
Првиот свет. Но културите се отворени, а дијалогот меѓу нив не подразбира
заеднички метајазик; тој ja уважува разликата, не миметиката. Но, треба ли да
се поларизираме за да полемизираме (Baba: 2004; 50), треба ли да застанеме зад
своите цивилизациски граници и да создаваме митови за невозможни идентитети?
Секоја култура е неидентична на себеси. И нејзините субјекти ce такви:
дислоцирани однатре, тие
поседуваат „внатрешно слепо место" кое не допушта да се биде начисто со
себеси. Но, ,,токму таму каде што Другото се разглобило во себеси, каде што не
се сврзало со својот контекст во целост, можеме најдлабоко да се соочиме со
него - пишува Тери Иглтон - Го разбирам Другото тогаш кога станувам свесен за
она што ме измачува во врска со него, со неговата загадочна природа која е и
негов проблем исто така. И како што вели Жижек: 'Така се придвижува димензијата
на Универзалното, кога два недостатока - мојот и оној на Другиот - ќе се
совпаднат... Нам и на недостижниот Друг заеднички ни е празниот означител, оној
кој го заменува Х што им се измолкнува на двете страни'" (Eagleton; 2002:
118).
Значи,
секоја потрага по идентитет е потрага по сопствен дискурс, по откривање на
наративите за себе - оние со кои се самодефинираме, со кои ja раскажуваме
својата приказна за изместената балканска стварност. Итрината на нашиот локален
ум не допушта веќе, да го прави за нас тоа некој друг. Тоа е најлегитимниот и
најприродниот обид за премин од понизок кон повисок статус, од „објект" кон субјект. Но, бидејќи секое
настојување да се разбереме себеси и другите, лежи во сфаќањето сопствената недоволност, во
согледувањето на внашрешниот расцеп - во пукнатинката која, иако не допушта да
се поистоветиме со себеси во целост, служи како премин во поинаков онтолошки
поредок - станува јасно дека клучот за разбирањето на Другиот (другата кулшура,
другнот правец) - е, заправо, исчекорот во себеси. Се разбира, тоа не значи
дека не треба да се инсистира на етницитет - напротив но, само во рамките на еден
универзален, културален идентитет во кој ќе треба да се избориме за дијалог со
погледот на Другиот.
Во овој
глобален свет на вредности, иднината на малите балкански етницитети е еден
таков идентитет - универзален, културален - оној што ќе овозможи вракање кон целината,
вракање кон загубеното единство. Единствено што уште треба да се стори, е да се научи
неговиот jазик, со сите приружни
архетипи, како би можеле - уживајќи во вродената потреба за автоиронија - да ги
деконструираме стереотипите на заедничкото imago реализирајќи го
долгопосакуваниот сон - дијалогот меѓу Истокот и Западот, меѓу природата и
културата, соматското и семиотичкото, телото и духот. Без трауми и комплекси,
без зазор од алтеракции.
Користена литература:
- РУЖМОН, Дени де (1997): Дваесет и осум векови на Европа: европската свест низ текстовите од Хесоид до денес, Култура, Скопје
- Дерида, Жак (2001): Другост правец, Темплум, Скопје
- EAGLETON, Terry (2002): Ideja kulture, Naklada Jesenski i Turk, Zagreb
- BABA, Homi K. (2004): Smeštanje kulture, Beogradski krug, Beograd
- ŽIŽEK, Slavoj (2001) Manje ljubavi - više mržnje! ili, žašto je vredno boriti se za hrišćansko nasleđe, Beogradski krug, Beograd
- UGREŠIĆ, Dubravka (2002): ,,U boljim kućama se o takvim stvarima ne govori" in: Kultura laži: antipološki eseji, Konzor, Zagreb; Samizdat B92, Beograd
- BUDEN, Boris (2002): ,,Inconscientia lugoslavica" in Kaptolski kolod vot: politički eseji, Centar za savremenu umetnost, Beograd
- KRISTEVA, Julija (1989): Moći užasa: ogled o zazornosti, Naprijed Zagreb
- LACAN, Jacques (1986): XI Seminar: četiri temeljna pojma psihoanalize, Naprijed, Zagreb
- JEVREMOVIĆ, Petar (2000): ,,Topologije identiteta" in: Lakan i psihoanaliza, Plato, Beograd
- VEST, Rebeka (1990): Crno jagnje i sivi soko: putovanje kroz Jugoslaviju, BIGZ, Beograd
- GOLDSVORTI, Vesna (2005): Izmišljanje Ruritanije, Geopoetika, Beograd
- ТОДОРОВА, Марија (2001): Замислувајќи го Балканот, Магор, Скопје
- МУХИЌ, Ферид (2000/20): ,,Критика на балканскиот ум", Lettre Internationale: европска ревизија за култура, Скопје
- CJOPAH, Емил (1996): Оглед за распаѓањето, Култура Скопје
Comments
Post a Comment