II. БУКВИТЕ И ГЛАСОВИТЕ (CONCERTO A QUATRO MANI) | ХИПЕРТЕКСТУАЛНИ ДИЈАЛОЗИ, 2004
Она за што не може да се теоретизира, треба да се раскаже-велеше познатнот италијански семиотичар и писател Умберто Екo (Umberto Eco). Неговиот луциден коментар на предизвикувачката Витгенштајнова (Ludwig Wittgenstein) сентенција, го сврти моето внимание кон еден необичен потфат...
Некаде во мај 1998 година, на страниците од ревијата ОКО', броj 25, наидов на интересен литературен ко-проект. Ме освои веднаш. Ме вовлече во играта на трагите и во мултидимензионалниот простор на расказот со необичен наслов-„Проклетството на фараонот", расплетував (како „пајажина со прсти", вели Винтгенштајн) позната митема. Базирана врз дијалогот во Федар/Фајдрос, таа jа содржеше идејата за надмоќта на говорот врз писмото. Си помислив: типичен постмодерен лупинг со идејата на античкиот философ, и задоволно се препуштив на играта која го предизвика духот на Платон. Се почувствував совршено удобно: ја стокмив својата иронична насмевка и нурнав во логоцентричниот лавиринт на големиот мислител. И веќе не бев Jac, туку мноштво собеседници во огледалната проекција на славните имиња што патем ги сретнав... Па, нели името ни е Легија, оти сме Мнозина...
***
Во истрагата околу сектата се вклучува и агентот Робер дела Грив. Тој открива дека наводното убиство на Белцони го изрежирала Тајната секта на Аграфоните, следбеници на фараонот Тамус. Опседнати со гестовите и мимиките, дисциплини кои jа криеле возвишената и крајна цел, постепеното уништување на пишуваниот збор" (Понтиџа: 1998/25; 157), тие се обиделе да го спречат ширењето на писмото и да го вратат времето на усното кажување. Bo заговорот на нивната секта учествува и ќерката на Лорд Карнавон: како следбеничка на Диотима, таа верувала дека фараонот Тамус е жена, дека „мажите ги потчиниле жените благодарение на пишуваниот збор"(Риота: 1998/25,159) и jа застапувала тезата дека со уништувањето Гутенберговата галаксија ќе се врати Епохата на Верата и Чудата. Но, маскиран во расо од хотелски чаршав, Переира успева да влезе во злосторничката секта и да ja проѕре лудата замисла на Аграфоните. Тој се досетува дека за да го одбрани пишуваниот збор, треба да се послужи со кажаниот и преку една Радио станица ќе објави: „слободоумни граѓани од демократскиот свет, една тешка и сериозна опасност и се заканува на нашата слобода. Една секта од опасни поклоници на најнебулозната митологија, кон без размислување можеме да ги наречеме ур-реакционери, ...сака да го уништи пишуваниот збор и заедно со него демократијата, за да jа врати назад усноста и... одново да jа воспостави аристократијата"(Табуки: 1998/25; 163). Но, за среќа заверата е откриена: поклониците на Диотима се спречени во намерата да ги уништат пишуваните знаци. Така, без да ja потценат важноста на говорот, без да ja отфрлат улогата на Гласот, следбениците на Гутенберговата галаксија, успеваат - во чест на богот Тот, изумителот на буквите-да го сочуваат писмото од уништувачката склоност на оние кои го презреле.
Поттикнати од идејата за интертекстуална семиоза-иницирана од желбата на Валерија Нумерико, уредничка во реномираното италијанско списание Sette-четворица современи италијански писатели, без прелиминарни договори, без лични контакти потпирајќи се единствено врз дисконтинуалноста како позитивен и активен концепт кој преферира да си поигрува со различни контексти, да асоцира идеи и заплети, да повикува ликови од некои претходни дела, го прифатиле предизвикот да остварат дијалог меѓу своите просторно разделени писма. И покрај фактот што литературната историја познава колективно напишани дела, оваа игра немаше да биде ништо ново ако интерсубјективната комуникација не претпоствеше и интердискурсивна симбиоза меѓу нивните просторно разделени писма. Небаре крајна цел им била да ги разбијат „големите целини", да го разнишаат стариот модел на вертикално уредување на текстот и да jа потврдат тезата дека иманентните херметични поетики, базирани врз логиката на генезата, телеологијата и тоталитетот, треба да допуштат реконструкција. Спроведувајќи ги идеите на Фуковата „археолошка" теорија и негувакќи jа желбата за пре(ис)пишуване на големите текстови од минатото, Умберто Еко, Џузепе Понтиџа, Цани Риота и Антонио Табуки, jа искористиле постмодерната историографија и изградиле приказна врз основа на изграденото: создале расказ отворен за бесконечен број читања. Го нарекле „Проклетството на Фараонот".
Идејата за оваа крими-приказна лежи илјадници години пред нашата ера во песокта на Египетската пустина, во посмртните одаи на фараонот Тамус. Уверен дека „со изучувањето на пишуваниот збор, луѓето ќе престанат да ja негуваат дарбата на помнењето" (Еко: 1998/25; 153), тој го отфрлил пронајдокот на богот Тот. Случајното откритие на една гробница во Сахара, го навела Лорд Карнавои да поверува дека телото на фараонот Тамус Аграфос, најголемиот противник на писменоста, е погребано тука. Митот за него, за „Великата мака на сите Мумии, ги обединува: Дорис Карнавон-Ќерката на Лордот, асистентот Белцони, Граам Ремзи-трговецот на уметнички предмети, археологот Антонио Витали, доктор Переира-новинар Bo Cairo World News и мајорот на египетската служба за безбедност. Во гробницата, веднаш до отвореннот саркофаг, тие откриваат обесена човечка фигура за која претпоставуваат некој португалски Темплар. Но мислењата се поделени: како, па гробницата е затворена веќе пет илјади години, а ниедна династија во Египет не зборува португалски!? Одеднаш Белцони се струполува испуштајќи пригушен крик. Дорис констатира брза смрт предизвикана од проклетството на Фараонот. Переира исчезнува...
Comments
Post a Comment