IV. БУКВИТЕ И ГЛАСОВИТЕ (SCRIPTA MANET, VERBA VOLANT) | ХИПЕРТЕКСТУАЛНИ ДИЈАЛОЗИ, 2004


Се надевам нема да претерам ако во рамките на овие филосовско-реторички дилеми, укажам на уште неколку размислувања до кои дошол алжирскиот философ. Неговата обратна логика, не само што jа означи лингвистичката пресвртница во философијата на дваесеттиот век, туку многу повеќе: таа засноваше цела една дисциплина кока тргна од фактот дека писмото (грамата), не с само „слика" или „тело" на говорниот јазик, туку и негово извориште. Но каде започна таа логика? Каде се корените, на тоа пра-писмо?


За да jа намалат разликата која ги одделува од предметите - и која не е надворешна, туку внатрешна закана за „природниот јазик" - зборовите имаат потреба од двојник". То двојник Дерида го нарече писмо, всушност, трага (прафеномен на помнењето), оти разликата која постои во самите зборови, нема конкретена форма. Таа никогаш не може да биде изразена во „сеприсутноста" на гласот, као што некогаш тврдеа Платон, Русо и Сосир, туку во пра-писмото", во архи-трагата која е самото движење на разликата и кое му претходи на сето она што може да се нарече знак" (Derida: 1976; 76-85). Можеби затоа на психоанализата не и

беше тешко во јазикот на соништата" да препознае писмо - не фонетско, туку пиктографско, хиероглифско" - оти во структурата на неговата фигуративност опстојуваат оние „многугласии" и латентни елементи кои едноставното исчитување никогаш не може да ги опфати. Но, кога сме как нив, как фигуративните (сликовни) писма, ќе ве потсетам дека за Платона, напишаните зборови содржеа „нешто чудно" и во тоа личеа на сликарството: „И производите на сликарската уметност - тврдеше тој - пред нас стојат како да се живи, но ако ги запрашаш нешто тие достоинствено молчат. Исто е и со напишаните знаци; човек би помислил дека говорат како да разбираат нешто, а ако ги прашаш... Ќе видиш дека тие велат една иста работа. А кога еднаш се напишани, талкаат насекаде, како кај оние кои ги разбираат, Така и кај оние на кои им се наменети, па не знаат да разликуваат кому треба, а кому не треба да се говори..." (Платон: 1979; 180-181; курзивот е мој).


Значи, првото писмо било пиктографско - писмо на природата, на сликата - една, затворена и нема целина, во која зборот немал право на влез..., целина во која постоел само чистиот одраз на предметите" (Derida: 1976; 367; курзивот е мој). Во лапидарниот карактер на хиероглифите, втората разводна фаза на писмото ја заменила умртвената сликовност со жива сценичност. Таа jа будела фантазијата на толкувачите, но неконвенционалииот карактер на хиероглифските знаци (еден знак за повеке предмети), ја отежнувал рецепцијата. Потребата од редукција на означителите го отворала патот кон едно друго писмо - азбучноѕо. Поникнато во нелинеарниот карактер на своето минато, во повеќедимензионалната природа на митограмите, тоа ja градело моќната империја на Логосот. Но неговата целосна доминација била покопана од една необична логика: „Во антиката постоело нешто кое ние, денес, тешко можеме да го разбереме - тврди Хорхе Луис Борхес (Jorge Luis Borges) - и кое се коси со нашето почитување на книгата (чита) писмото!). Неа постојано jа третирале како продолжеток на усниот збор, но подоцна, од Исток, наишла една нова концепција - Светата книга... Муслиманите верувале дека Куранот му преходи на создававањето на светот, дека му предходи дури и на арапскиот јазик; дека е еден од атрибутите на Бога, а не негово дело" (Borhes: 1990, 9; курзивот е мок). Зборовите на „усниот" Борхес - дека писмото постоело пред јазикот и пред човекот - како и логиката на Едмон Жабес - дека светот постои, затоа што постои книгата - ме прават поклоник на графоцентричната теорија на Жак Дерида која може да се сублимира во следниве зборови: „да бидеш, значи да-бидеш-во-книгата.." (1998;114). „Il n'y a pas de hors-texte“, повторувам по Дерида, свесна дека во епохата на постмодерната литературна теорија, примарносекундарниот поредок во релацијата говор-писмо, веќе му припара на минатото.

Comments